Издашноста на изворот во текот на месец август 2026 година се движеше во граници од 1016 литри во секунда како минимална, до 1248 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец август изнесува 1129 литри во секунда.
Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 36.30 сантиметри, максималната 38 додека пак минималната е 34.50 сантиметри.
Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2026 година може да се видат на оваа табела.