Издашноста на изворот во текот на месец септември 2025 година се движеше во граници од 581 литри во секунда како минимална, до 735 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец септември изнесува 646 литри во секунда.
Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 26.80 сантиметри, максималната 29 додека пак минималната е 25 сантиметри.
Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2025 година може да се видат на оваа табела.