Издашноста на изворот во текот на месец февруари 2024 година се движеше во граници од 1579 литри во секунда како минимална, до 1776 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец февруари изнесува 1685 литри во секунда.
Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 43.10 сантиметри, максималната 44 додека пак минималната е 42 сантиметри.
Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2024 година може да се видат на оваа табела.