Издашноста на изворот во текот на месец мај 2023 година се движеше во граници од 2440 литри во секунда како минимална, до 3816 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец мај изнесува 2998 литри во секунда.

Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 52.90 сантиметри, максималната 57 додека пак минималната е 49.40 сантиметри.

Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2023 година може да се видат на оваа табела.